Општина Битола во соработка со ЕУ инфо точката и Делегација на ЕУ и оваа година се вклучија во обележувањето на Денот на Европа.
Основни училишта и СУ „Јане Сандански“ со својата креативност ги претставуваа 5–те земји членки на ЕУ : Холандија, Луксембург, Обединето Кралство, Австрија, Естонија
Во забавниот дел настапија: детски хор „Ѕвончиња“, детски музички блок „Си-До“, Стефанија Милевска -музичка поп ѕвезда
Присутните ги поздрави Претседателката на Советот д-р Силвана Ангелевска и Амбасадорот на Романија во РМ Н.Е. Јустиниан Фошта