Општина Битола, детската градинка „Мајски цвет“ и јавното претпријатие „Комуналец“, активно се вклучија во еко – проектот на dm ДРОГЕРИЕ МАРКЕТ „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“.
Со помош на дечињата и вработените од градинката „Мајски цвет“ од Битола и вработените од ЈП Комуналец Битола, претставници од компанијата, заедно со претставници од Општина Битола и градоначалникот, Тони Коњановски, го раззеленија дворот на оваа градинка со речиси 100 нови дрвја.
На овој начин децата, покрај тоа што ќе се едуцираат и ќе дознаваат интересни факти за пошумувањето и директно учествуваат во садењето и раззеленувањето на нивниот двор, а самиот процес на садењето дрвја во дворот во кој дечињата поминуваат голем дел од престојот во градинката има позитивно влијание за севкупниот детски развој.
„Многу сме среќни што овој проект, кој е значаен за сите нас, успеваме да го доближиме и до најмладите и со нивна помош да направиме едно вакво убаво дело. Со уредување на дворот на градинката „Мајски цвет“ во Битола, не само што правиме добро дело за животната средина, туку и го будиме интересот и љубовта кон природата кај најмалите генерации, а токму тоа е и пошироката цел на овој проект – да засадиме што повеќе дрвја, но и да всадиме здрави навики кај што повеќе наши сограѓани, – изјави Кристина Дуранска, маркетинг-менаџер во dm Дрогерие маркт.
Градоначалникот Коњановски, изрази благодарност до претставниците на dm, што во оваа фаза своите проектни активности ги реализираат во Битола и изрази подготвеност на општината за понатамошна соработка во насока на создавање нови зелени површини.