НОВО МАСОВНО ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

НОВО МАСОВНО ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

На предлог на Општински кризен штаб, предводен од градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, денес се изврши масовно дезинфицирање на јавните површини го градот, кое започна во 7 часот изутрина.

Координатор на акцијата беше ЈП „Комуналец“, а во акцијата се вклучија и ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“, ЈП „Паркинзи“, Територијалната противпожарна служба, екипи на ЕСМ-РЕК Битола, ЈП „Стрежево“, приватните компании „Зимак“, „Стентон градба“, ЗИК „Пелагонија“ како и волонтери од руралните средини.

Во акцијата беа ангажирани 5 цистерни, 22 трактори, 1 метларка, 50 рачни пумпи и останати возила за логистика.

Според претходно подготвениот оперативен план, градот беше поделен на 27 реони, во кои делуваа цистерните и тракторите. Посебен акцент е ставен на Широк сокак и дворот од Градската болница, каде работеше метларката пропратена со рачно прскање. Рачните грбни пумпи се користеа за урбаната опрема – клупи, детски и спортски реквизити, корпи за отпадоци и патеките до влезовите на зградите за колективно домување.

Тракторите кои дојдоа од руралните средини, по завршувањето на акцијата во градот, продолжија со дезинфекција во руралните средини од каде доаѓаат.

Се предвидува акцијата да продолжи (повтори) во текот на наредните денови.