„Насмевка на лицето, љубов во срцето. После овие желби две Новата година нека ви донесе најубаво СЕ. Среќни и исполнети детски денови ви посакува Општина Битола“.
Со ваква честитка и многу други едукативни пораки и мали слатки изненадувања, Кловнот Заги, Мики и Мини Маус, Чејз, Елса, Принцезата Бел, придружувани од Дедо Мраз и Баба Мразица и Новата година низ Широк Сокак, внесуваат посебна радост во детските срца.
Ликовите од бајките, со своите подароци и приказната која ја носат со себе преку ликот кој го претставуваат, токму до детските срца ја пренесуваат желбата за победа на доброто над злото и радост за секое дете, токму онака како што и завршуваат најубавите бајки.
„Среќна Нова година, дечиња наши. Во Новата година ништо да не ве плаши. Здравје, љубов, радост и смеа, среќни мигови да имате во неа“. Со љубов од Битола