Децата од градинката „Коца Василева“, која е дел од ЈОУГД „Мајски цвет“, заедно со нивните наставнички ја посетија општина Битола, каде распеано и разиграно, ја најавија радоста на претстојните новогодишни и божиќни празници.
Пред градоначалникот Тони Коњановски и вработените во општината, изведоа богата музичка програма, на која се радуваа, играа и пееја песнички за Дедо Мраз и Новата година, а највпечатливиот момент го имаа со изведбата на Радетски марш, кој го збогатија со различни инструменти.
Најпрво на градоначалникот, а потоа и на сите вработени, им поделија лично изработени честитки, со желби за поубава и поуспешна 2023 година.