НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Деновиве активно се работи на санација на канализациониот систем во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, со што се надминува уште еден децениски проблем на запуштените објекти во образовните установи во градот. Со средства од Општина Битола во висина од околу 740.000 денари, се поставува нова канализациона мрежа во училиштето, во должина од 150 метри, од страна на КЈП „Нискоградба“.

По извршениот увид од страна на градоначалничката Наташа Петровска пред 20-тина дена во однос на санациите на дограмата и радијаторите, неа и беше предочен проблемот со канализацијата во училиштето .

Директорот Благоjче Кривевски истакна дека градоначалничката Петровска, откако била запозната со тековниот проблем со кој училиштето се соочувало после секој поголем дожд, кога водата во подрумските простории достигнувала и до 30-тина сантиметри, веднаш било реагирано од страна на Општина Битола.

Ова е трет голем проект во изминатата година во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“. По поправка на покривот на училиштето, беше заменета комплетната дограма, а сега се средува и проблемот со канализацијата.