НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ЖАБЕНИ“

НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ЖАБЕНИ“

Интензивни инфраструктурни активности, асфалтирање и поставување на атмосферска канализација, во моментот се во полн ек во Индустриската зона „Жабени“. Поради проширување на капацитетите на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, Општина Битола во моментот врши изградба на коловоз во два слоја на улица во должина од 666 метри и паркинг простор со површина од 4000 м2. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11 123 859,52 денари. Покрај асфалтирањето, покрај фабриката на германскиот инвеститор се врши изградба и на атмосферска канализација со вкупна вредност на инвестицијата од 2 400 455  денари. На овој начин, Општина Битола ги обезбедува потребните инфраструктурни услови за нормално функционирање на новиот објект на Фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени, а истовремено отвора и можности за привлекување на нови инвеститори.