НОВА ДОГРАМА ВО О.У. „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

НОВА ДОГРАМА ВО О.У. „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ учебната година ќе ја започне со нова дограма. Преку договорот потпишан со Јапонската амбасада во Македонија на 09.03.2018 година во износ од 52.348 евра, деновиве завршува реализацијата на проектот за подобрување на училишната средина преку рехабилитација на објектот.

В.Д директорката на училиштето Гордана Анастасова истакна дека целосната реконструкција на дограмата во училиштето, која покрај прозорците ја опфаќа и влезната врата, започна да се реализира кон крајот на месец јуни, по завршувањето на наставата во училиштето. Изведувач на проектот е „Столб ДООЕЛ“ Битола, а реконструкцијата се одвиваше под надзор на „Скипи ДООЕЛ“ Битола.

Со поставувањето на новата дограма, се очекува подобра енергетска ефикасност во училиштето и заштеда, пред се на топлинската енергија во зимскиот период. Основното училиште „Св. Климент Охридски“ е едно од најновите во градот, а започна со работа во 1989/90 година.