НОВА ГЕРМАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА – ФАБРИКА ЗА ДОДАТОЦИ ЗА СПОРТОВИ НА ВОДА

НОВА ГЕРМАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА – ФАБРИКА ЗА ДОДАТОЦИ ЗА СПОРТОВИ НА ВОДА

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција, лоцирана во Индустриската зона во Битола кај старата фабрика на Битолатекс, со цел да се запознае со новата инвестиција во градот, начинот на работа и производството.

Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина., со што се намалуваат емисиите на јаглерод. Поставувањето на високите стандарди за еколошка свесност, појаснија од Брејнчајлд Продукција, ќе значи и  користење на обновливи извори на енергија.

Од фабриката, за време на посетата на градоначалникот Коњановски, објаснија дека главен фокус во производството ќе бидат реквизити за спортови на вода, односно крила за „kite-surfing” и „wing-surfing”, но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста. Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.

Градоначалникот Коњановски им посака успешен подготвителен период и адаптација на инвеститорите, со желби понатаму оваа фабрика да донесе вработувања и економски напредок за локалното население.