НАЈАВЕНИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2016

НАЈАВЕНИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2016

 

Денес, градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески на прес конференција ги најави најзначајните проекти на општината кои ќе се финансираат со буџетот на Општина Битола во 2016 година.
„Стратегија на општината и еден од најголемите приоритети – неврботеноста, која што ја затекнавме како локална самоуправа, има исклучителни резултати со мерките што ги превзема Владата на Р. Македонија, а тука секако општината Битола има свој придонес во создавањето на услови за инвестиции за отворање на нови работни места. Резултатите навистина не се мали.
Со буџетот на Општина Битола за 2016 година, продолжуваме со нашите приоритетни проекти. Бидејќи имаме најава за нови инвестиции во ИЗ „Жабени“, продолжуваме како општина со инвестиции за поддршка на инфраструктурата според потребите на новите инвеститори.
Голем дел од буџетските средства се планирани за инфраструктура во старата касарна или сегашниот „Златен рид“, каде што веќе имаме осум инвеститори кои што градат свои објекти, дел од нив се во функција, дел сеуште не се, но во секој случај таму ќе биде едно големо градилиште и голем дел од финансиските средства на општината, како и дел од финансиските средства кои што ни ги овозможи министерството за финансии, таму интезивно ќе инвестираме.
Едно големо ветување што беше дадено претходно на локалните избори „100 улици“ асфалтирани и реконструирани во Битола, во 2016 ќе ги дефинираме и заокружиме. Дел од нив имаат веќе проекти, дел се изработуваат така што бројката од 100 ќе биде нешто што е многу значајно.
И се разбира покрај изградбата и реконструкцијата на нови училишта, градинки е и започнувањето на изградбата на една голема функционална целина на северната трибина од стадионот во Битола. За 2016 година веќе се одвоени дел финансиски средства од нашиот буџет, а во овој период го бараме начинот како со потенцијалните изведувачи да го средиме начинот на плаќање.
Така што индустриската зона „Жабени“, касарната, патната инфраструктура, се она што го правиме во делот на образованието со реконструкција и обнова на училишта, стадионот, а планираме и реконструкција на спортската сала во 2016 година, мислам дека ќе биде едно заокружување на најсуштинските, најзначајните проекти, се разбира тука вклучувајќи го и завршувањето на киното „Манаќи“. Планираме некаде до шестти месец да го заокружиме градежниот дел од проектот „Кино Манаки“. “ изјави градоначалникот Талески.
Исто така, градоначалникот спомена дека денес, Битола заедно со уште два градови како Рим од Италија и Сантос од Бразил е примена во УНЕСКО како филмски град.Proekti2016