НАСТАНИ ВО ЧЕСТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 4 НОЕМВРИ

НАСТАНИ ВО ЧЕСТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 4 НОЕМВРИ

Годинава, во услови на светска пандемија на КОВИД-19, одбележувањето на празникот на градот Битола – 4 Ноември се одвива со многу помал број настани.

Според предвидената програма, на 30 октомври во Хотелот „Милениум“ се одржа јавната дискусија за Европска недела на претприемништво на тема: „Ефектите од економските мерки на Владата за справување со кризи од КОВИД-19 врз стопанството во Битола“, во организација на МКЦ Битола.

Во исто време, пред споменикот на Милтон Манаки кај НУ Центар за култура, беа свечено доделени наградите на Интернационалниот Фестивал на документарен краткометражен филм „Камера 300“. Првата официјална проекција на фестивалска програма на Интернационалниот Фестивал на документарен краткометражен филм „Камера 300“, поради новонастанатите услови, наместо во кино сала, беше емитувана на ТВ ТЕРА.

На 1 ноември се одржа ревијална вело прошетка во Градскиот парк, во организација на Велосипедскиот клуб „15 Мај“ Битола, а во чест на 4 Ноември,  „Летечките конзули“ организираа параглајдерски летови од врвот Пелистер.

На 02 ноември, во НУ Магаза, беше отворена традиционалната ноемвриска ликовна изложба 2020, во организација на ДЛУБ. Предлог за годишната награда на градот Битола за Ноемвриска изложба 2020-та е уметникот Панде Петровски.

Вечерва во 18 часот, во рамките на одбележувањето на празникот 4 Ноември, во организација на Сојуз на спортови – Битола, ќе се одржи ревијална ноќна атлетска трка, во Градскиот парк.