„МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ- ОДИМЕ НАПРЕД“ – ПРОСЛАВА ВО БИТОЛА

„МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ- ОДИМЕ НАПРЕД“ – ПРОСЛАВА ВО БИТОЛА

Во Битола, еден од 15те градови во земјава, синоќа се одржа прославата под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ – одиме напред“, под покровителство на Владата на РМ. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, истакна дека атмосферата во Битола е потврда за вистинскиот правец кон кој се движи државата во остварувањето на стратешките цели.

„Вечерва покажавме и ние битолчани, заедно со сите граѓани на Република Македонија, дека она што ни се случи деновиве е исклучително значајно и навистина претставува верба во перспективата на она што следува за нашата држава. Вечерашниот весел амбиент и веселите лица на луѓето, всушност покажува дека одиме напред, сите заедно“, рече Петровска.

На прославата за НАТО и ЕУ во Битола, присуствуваше и премиерот Зоран Заевкој на сите граѓани на Република Македонија им порача:

„Македонија има причина да слави. Дочекавме големи настани, ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Концертите вечерва, се покана за обединување, со сите наши политички разлики, околу остварените стратешки цели на нашата земја, членство во ЕУ и НАТО. Ова се настани, што ни се дадени и заслужени и за нешто друго: да го испратиме во историјата, да го заборавиме еднаш – засекогаш, синдромот да го порекнуваме успехот на другиот, затоа што секој успех е успех за сите нас, за секој граѓанин. Затоа што, тоа што го направи Македонија за само една година е успех за сите нас, без разлика на политичката определба. Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите и разликите. Сега како никогаш досега да си подадеме рака. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам: Денеска силите што не делат – не се толку силни како силите што не обединуваат! Силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО.Тоа се силите што ни ја отворија иднината.Ги повикувам сите граѓани,сами да си одговорат на прашањето: Каде бевме пред една година, каде сме денес? Македонија е слободна земја. Секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став. Ја повикувам уште еднаш и ќе ја повикувам опозицијата отсега натаму секој ден: Ајде да ја избереме македонската иднина! Нашата заедничка иднина. Ајде да престане сеењето омраза. Да се издигнеме над делбите и разликите. Заради нас, заради нашата држава и заради иднината на нашите и на следните генерации“ рече премиерот Зоран Заев.

Битолчани ги проследија настапите на Дуке Бојаџиев, Дејан Декс, Фладер, Горан Кан, како и на битолчанецот Исмаил Лумановски, кој ја воодушеви публиката.