ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ НА БИТ ФЕСТ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ НА БИТ ФЕСТ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола ја потврдува транспаретноста во работењето и за првпат во постоењето на фестивалот БИТ ФЕСТ, пред неговото официјално завршување, јавно ги објавува предвидените суми за поддршка на учесниците во фестивалот.

Селекцијата на годинешните учесници на фестивалот БИТФЕСТ ја вршеше селекторски тим со компетентни членови од одредени области. Пред почетокот на фестивалот, градоначалничката м-р Наташа Петровска истакна дека годинава вкупната сума за фестивалот ќе биде неколку кратно пониска од изминатите години.

„Вкупно од одбрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа: 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 000 000 денари од буџетот на Република Македонија. Вкупната сума е неколкукратно пониска од минатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што природата на трошоците има карактер на класифицирање по приоритет. Една локална самоуправа, мора да мисли на сите аспекти на животот во општината, од култура до инфраструктура“, посочи Петровска.

Годинава општината, со познати суми ја продолжи поддршката на традиционалните настани и на изведувачите, од кои ги издвојуваме Виолета Томовска и фестивалот Илинденски денови, Исмаил Лумановски, групата С.А.Р.С.која настапи во рамките на фестивалот Битола отворен град, Шекспир Фестивал, Широк Сокак во бело итн.

 

КАТЕГОРИЈА ПРЕДЛАГАЧ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА
ФОЛКЛОР    
 

Илинденски денови

 

Центар за култура Битола

 

300 000 ден

 

Во срцето на Битола

 

Уметници ракотворци, Битола

 

(техничка поддршка)

КЛАСИКА  
Светски оркестар на Џејмс Џез Музичка младина на Македонија, Скопје 31 000 ден
Оперски арии Ана Синицки 50 000 ден
Пијано во 4 раце Татијана Божиновска и Билјана Димовска  

20 000 ден

Младински женски хор КУД Стив Наумов, Битола  

30 000 ден

Кларинети и пијано Марјан Бакревски, Игор Бакревски и Верица Дивитарова  

21 000 ден

 

Пијано концерт на Маурицио Анунцијата (Италија)

 

Италијанска Амбасада во РМ (соработка со амбасади)
Концерт на Месинг квинтет

 

Австриска Амбасада во РМ (соработка со амбасади)
Концерт на пијано, виолина и виолончело

 

Француска Амбасада во РМ (соработка со амбасади)
Ладино-сефардски звуци

 

Израелска Амбасада во РМ (соработка со амбасади)
Руски романси Руска Амбасада во РМ (соработка со амбасади)
ФИЛМ
Проекција на 10 филмови КВК Студио Милтон Манаки 40 000 ден
Документарен филм за Влашката заедница Томислав Спировски  

10 000 ден

ДЕТСКА ПРОГРАМА  
Детски фестивал

„СИ – ДО“

ЗГ Промедија, Битола  

30 000 ден

Музички фестивал„ТРА-ЛА-ЛА“ Асоцијација за уметност Алексовски, Битола  

200 000 ден

„Добро утро, добар ден…“ Маја Андоновска Илијевски  

90 000 ден

ИЗЛОЖБИ  
Работилница за фотографска техника Фото Кино Клуб Битола  

10 000 ден

Фотографии од партизани од Битола и битолско Сојуз на борци, Битола  

60 000 ден

Сликање на мурал Хибрид мајндс кру  

33 000 ден

Фотографија „Три точки“ Фото клуб Стеван Наумов Стив, Битола  

15 000 ден

Фотографија „Фолклорни мотиви“ Петар Ставрев  

60 000 ден

Копаничарство „Атеље Пердика“ Гоце Крстевски  

10 000 ден

Слики , графики, скулптури „Мал формат“  

ДЛУБ

 

10 000 ден

Самостојна изложба на Александар Поповски ДЛУБ  

10 000 ден

ЛИТЕРАТУРА  
Промоција на збирка поезија Јорго Јанопулос, Солун, Грција Соработка со Република Грција
Промоција и печатење на книга „Етнолошко-антрополошки истражувања на состојбите предизвикани од првата светска војна, во битолско долж кота 105“  

 

Сојуз на борци, Битола

 

80 000 ден

„1000 зошто, 1000 затоа“ НУУБ Св. Климент Охридски  

30 000 ден

„Битола чита“ НУУБ Св. Климент Охридски  

30 000 ден

„Слемирај креирај“ НУУБ Св. Климент Охридски  

40 000 ден

„Нашето националистичко пијанство“ Сојуз на борци, Битола  

80 000 ден

Промоција на книгата „Вермархтот и Македонија“ Сојуз на борци, Битола  

80 000 ден

Промоција на книгата „Лобирање во културата“ МНД Битола  

84 000 ден

„Ако одам во Битола“ Гордана Петрова Такец  

10 000 ден

Фестивал за литература и др уметности „300 работи. Триста“ Игор Трајковски Фоја 30 000 ден
ТЕАТАР  
„Битолска аудиција“ Театар „Солза и смеа“
„Жени“ Интимен театар Битола  

30 000 ден

„Ликот и делото на Ѓерг Кастриоти Скендербег“ 22 Нентори  

10 000 ден

„Осмели се да бидеш свој“ ЗКУ Детски театар, Битола  

30 000 ден

Шекспир фестивал НУ Народен театар Битола 1 500 000 ден
МУЗИКА    
 

Концерт  на Исмаил Лумановски

 

Радио Б97 Битола

 

372 000 ден

Солстис Француска Алијанса Битола  

60 000 ден

Меѓународен ден на младите Младински иницијативи за дијалог и соработка  

143 000 ден

Ромска музика Сумнал, Битола  

75 000 ден

Балканска рок симфонија Камерен оркестар Битола  

150 000 ден

Широк сокак во бело ЗГ Широк сокак во бело 300 000 ден
Фестивал на староградска музика и вино Димитар Елковски  

30 000 ден

„Локум Фест“ ЗГ „Локум Фест“  

100 000 ден

Смотра Асоцијација 615  

12 000 ден

Незаборав Панде Димитровски  

80 000 ден

100 % македонско Креативен Центар за млади, Битола  

15 000 ден

BUS FEST 18 ЗГ Стиховно војување Продукција  

20 000 ден

РАЗНО    
„Битола отворен град“ МКЦ Битола  

400 000 ден

Годишен концерт ТСК Степ, Битола  

20 000 ден

Денови на ромска култура Баирска светлина  

30 000 ден