На денешната седница на Советот на општина Битола, беше конституиран новиот Совет на општината.
На седницата се изврши верифицирање на мандатите на членовите на новиот состав на Советот на општина Битола, a новите советници дадоа свечена изјава.
За претседател на Советот на општина Битола избрана е Габриела Илиевска од независната група на советници Поинаку.
Градоначалникот Тони Коњановски упати честитки до сите советници и претседателот на Советот, нагласувајќи дека ваквиот избор го покажува демократскиот капацитет на новиот совет, при што интересите на граѓаните се над се.
Советот на општина Битола, со мандат од 2021 – 2025 година го сочинуваат 13 советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, 11 советници од СДСМ, 3 советници од независната група на советници Поинаку, 2 советници од Левица, 1 од ЛДП и 1 од ДУИ.