Во тек се градежните активности на улицата „2-ри Август“, на која ќе биде изведена промена на канализационата мрежа во вредност од 1.449.984 денари од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“, промена на водоводни инстапации во вредност од 1.503.564 денари од страна на ЈКП „Водовод“ и коловоз во вредност од 6.695.211 денари.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските акстивности на оваа улица, за која се одвоени вкупно 9.648.759 денари од општинскиот буџет.
Локалното население, ја поздрави активноста за уредување на улицата, на средбата со Петровска.