Калиопи и оваа година со одлична соработка со БИТ ФЕСТ. Калиопи Букле (родена како: Калиопи Буклеска) е познат и истакнат македонски уметник, вокален интерпретатор, композитор и текстописец. Често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп музика. Таа е многу позната и во просторите на поранешна Југославија. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет. Својата посериозна музичка кариера ја започнала во бендот Калиопи, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Своите први две песни – Томи и Немој да ме будиш, бендот ги снима за Македонското радио. Во почетокот, групата била ориентирана кон реализација на повеќе фестивалски настапи со цел успешно да се промовира на широкиот југословенски музички пазар. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група беше Лео, чиј автор е познатиот македонски композитор Глигор Копров. Со оваа песна, на фестивалот Опатија во 1985 година, Калиопи ја добива наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари. Истата година, групата го добива првото место на Видео спот фестивал со песната Лето е авантура. Исто така, тие беа претставници на Југославија на Интернационалниот Медитерански фестивал во Тунис, каде освојуваат второ место. Следната година, бендот го објавува својот прв албум со назив Калиопи. Истата година учествува и на реномираниот Сплитски фестивал со песната Da more zna и добива награда за најдобар деби-изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните. Во 1986, групата повторно добива прва награда на Видео спот фестивал со песната Остани во мене. Вториот албум Rodjeni излегува во 1987 година. Албумот се снима во Загреб и содржи девет дотогаш необјавени песни, меѓу кои и југословенскиот мегахит Bato (Rodzeni) на кој денес се гледа како еден од апсолутно најголемите хитови во рамките на поранешната Југославија. За неа е снимен и музички спот, режиран од Антон Марти. Останати големи хитови од времето на групата Калиопи се: Kofer ljubavi, Ostani u meni, Nebo mi sja, Bolero Lora… После тоа следуваат голем број настапи,програми ширум целиот простор на поранешна Југославија, а и голема концертна турнеја во тогашниот Советски Сојуз.Овој период од кариерата на Калиопи беше обележан со бројни награди меѓу кои: награда “Млад Борец” (1986), награда на “Вечер” за најпопуларно ТВ лице (1986), награда на “Нова Македонија” за најдобар изведувач (1986), награда на “Екран”, за најдобар поп пејач во СФРЈ и Македонија (1986) и други. По успешната промоција на многубројните фестивали, бендот објавува дека повеќе нема да има национални фестивалски учества. Единствен исклучок беше југословенскиот евровизиски избор во 1988 година, каде се претставија со песната Емануел и освоија 10 место. Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера, но сепак цело време се присутни на електронските медиуми во Македонија со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали. Од официјалниот распад на групата во 1988 година, Калиопи одржа само еден соло концерт во Универзалната сала, во декември 1988 година. Во 2003, Калиопи го објави својот најнов сингл Не ми го земај времето, кој воедно беше најава за нејзиниот следен голем проект. Спотот за песната „Не ми го земај времето“ привлече голем медиумски интерес бидејќи беше прв “one time shoot” спот во Македонија, снимен одеднаш, во три круга, со истите личности, во различни улоги. Главната улога ја имаше младиот актер Васил Зафирчев, а покрај него имаше уште 30 статисти. Во ноември го објави следниот сингл За кого постојам, кој исто така беше проследен со извонреден видео спот. На крајот на декември, Калиопи го објави својот трет студиски соло албум Не ми го земај времето. Со новиот албум, Калиопи го објави својот прв сингл наменет за екс-југословенскиот музички пазар Смех. Калиопи имаше турнеја низ Македонија со цел да го промовира новиот албум, а воедно го објави новиот сингл Тоа сум јас, заедно со видео запис. Потоа Калиопи заедно со Васил Зафирчев го снима дуетот Пурпурни дождови. Спотот за оваа песна е едно од најартистичните остварувања што досега се видени на македонскиот телевизиски етер и пошироко. На самиот крај на 2004 година, Калиопи го објавува и дуетот со нејзината дологодишна пријателка и кума, кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Песната го носи насловот Бел ден. Во текот на 2004 година, Калиопи со својата музика е присутна и на „штиците што живот значат”. Имено таа ја реализираше музиката за претставата Таа актерска куќа (адаптација на Дневникот на Ана Франк) во која главните улоги ги одиграа: Васил Зафирчев, Ѕвездана Ангеловска, Ана Костовска, Милица Стојановска и други. На 15 октомври 2004 година, во Скопје се одржа премиерната изведба на првиот македонски мјузикл Чија си, кој во текот на летото веќе беше промовиран во Охрид и Битола. Калиопи ја одигра улогата на Нина. Мјузиклот Чија си е дело на режисерката Виолета Џолева, која осмислуваќи го, инспирацијата ја нашла во истоимениот легендарен шлагер на Славе Димитров. Сценариото е на драмскиот писател Сашко Насев. Во овој неверојатен сценски перформанс, Калиопи покрај веќе афирмираниот вокал ги истакна и своите актерски способности. Во декември 2004 година, се случи премиерата на претставата „Танц на ноќните пеперутки во Ориент-експресот“ на режисерката Виолета Џолева, работена по драмскиот текст на Петре Бакевски. Музиката за оваа претстава исто така беше дело на Калиопи. По бројните награди за најдобар пејач, автор, песна, лице на годината, Калиопи продолжува да реди успеси во нејзината кариера. Во 2002 година повторно учествуваше со своја авторска песна на Македонскиот избор за песна на Евровизија, но овој пат не како изведувач. Песна за нас, целосно потпишана од Калиопи, ја изведуваше младиот талентиран пејач Ѓорги Крстевски. На изборот, Калиопи пееше придружни вокали и свиреше на пијано, давајќи му ја својата поддршка на младиот пејач. Песната се пласираше на 5 место. Во јули, Калиопи го реализираше својот мега популарен сингл Најмила, а веќе во октомври го објави албумот Најмила – Калиопи, Live and Unreleased. Овој албум ги содржеше нејзините најголеми хитови испеани во живо, како и две нови песни – Најмила и Заслужена земја. Во 2005 година Калиопи беше избрана заедно со уште четири други македонски пејачи за изборот на Песна за Евровизија. Но, таа се откажа од овој начин на избор и од преостанатите изведувачи, во финалето се најдоа Александра Пилева и Мартин Вучиќ. Сепак, Калиопи беше присутна и на овој избор на Песна за Евровизија, како композитор на песната „Не” во интерпретација на Александра Пилева. Оваа моќна балада заврши на третото место. Во мај, Калиопи имаше два концерти во Шведска и настап во хрватскиот град Дубровник. Во Дубровник, Калиопи беше присутна заедно со Тоше Проески и Есма Реџепова – Теодосиевска, кои исто така се претставија на овој фестивал. Калиопи во оваа прилика ја воодушеви хрватската публика со изведбата на песната Želim ti reći. Во текот на 2005 таа исто така се јави и како композитор на песната Само уште еден ден за популарната пејачка Каролина Гочева. Во септември 2005 година Калиопи го издаде албумот Јас, Исидора Во 2010 таа го издаде новиот албум Порака,кој беше одлично прифатен од јавноста. Во 2011 од страна на МРТ таа ја доби можноста да ја представува Македонија на Евровизија 2012 во Баку каде успеа да се планира во финалето на фестивалот и го освои 12 место со песната „Црно и бело“. Во екот на конфликтот во Македонија од 2001 година, Калиопи го објави видео записот на песната На пат до Македонија – композиција од нејзиниот втор соло албум Ако денот ми е ноќ. Песната им беше посветена на бројните македонски бранители кои ги дадоа своите животи за нивната татковина. Во спотот се претставени прекрасни живописни места од Македонија, а Калиопи е завиена во националното знаме. Песната ги разгоре патриотските чувства на Македонците и многу брзо се претвори во родољубива химна на македонскиот народ. Во едно свое интервју, Калиопи изјави: Посакувам секој Македонец, без оглед на која националност е, а живее во Македонија и се смета како дел од оваа држава да ги почувствува зборовите и музиката како што јас ги имам почувствувано. Калиопи е прекрасен уметник, добро познат на битолската публика. Хераклеа, 21:00 часот.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор