ИСКУСТВА ОД РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ПРЕКУ ЕРАЗМУС ПЛУС ПРОГРАМАТА НА ЕУ

ИСКУСТВА ОД РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ПРЕКУ ЕРАЗМУС ПЛУС ПРОГРАМАТА НА ЕУ

Во организација на  Општина Битола, ЕУ  Инфо точката  при Општина Битола, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Здружението на граѓани „Сфера Интернешнал“, а поддржано од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија,  се одржа онлајн настан за одбележување на 9-ти Мај, Денот на Европа.

На средбата, на која се споделуваа искуствата од Еразмус плус програмата, свое воведни обраќања имаа градоначалничката Наташа Петровска, Фатма Бајрам Аземовска претседател на „Сумнал“  и Милчо Дули, претседател на „Сфера Интернешнал“.

Искуството на „Сумнал“ со европски проекти го сподели Викторија Михајловска, проектен координатор, како и Кате Поповска од „Сфера Интернешнал“. Свои искуства како Еразмус волонтери споделија неколку учесници од земјава, Турција и Унгарија.