ИЗРАЕЛСКА КУЛТУРА НА БИТ ФЕСТ, РЕЗУЛТАТ НА ВОСПОСТАВЕНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА

ИЗРАЕЛСКА КУЛТУРА НА БИТ ФЕСТ, РЕЗУЛТАТ НА ВОСПОСТАВЕНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА

Присуството на израелската култура годинава на БИТ ФЕСТ, резултат на остварената добра соработка на неговата екселенција амбасадорот на Израел во Македонија и директор за Балканот, господинот Дан Оријан и градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески. Битола, како град во кој некогаш живеела силна еврејска заедница, од осбена важност за Израелците, а домаќините, покрај културната соработка, размислуваат за воспоставување и развивање на сериозни стопански релации. По одбележувањето на двете децении дипломатски односи Македонија – Израел, со поставување на спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“, гостувањето на израелската претстава „Нашиот клас“ на програмата на БИТ ФЕСТ, гостувањето на детската израелска претстава во рамките на ИДТФ „Битолино“, во Битола присуствуваше уште еден голем израелски уметник Руслан Сергеев, кој во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“ одржа петдневен мастерклас со студентите со 6 дипломци и студенти на ДЛУ при УКИМ. Вчера, израелскиот амбасадор НЕ г-динот Дан Оријан, присуствуваше на финалето на „Балканската колонија на ракотворци“, а денес има и официјална средба со битолскиот градоначалник Талески. Вечерва, за публиката на БИТ ФЕСТ, ќе биде отоврена изложбата „Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014“, селектирана од Лора Гросман, угледна израелска публицистка.

BF2015_17_08_1 BF2015_17_08_2 BF2015_17_08_3