ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ДЛУБ

ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ДЛУБ

Друштвото на ликовни уметници од Битола, веќе 45 години по ред ја организира традиционалната изложба на уметнички дела изработена од нивните членови. На Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска и беше доделена посебна благодарница, за континуираната поддршка која ја добиваат ликовните уметници, од страна на претседателката на ДЛУБ Елена Ѓорѓиевска и организациониот одбор.

Највисоката награда „Борислав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување и беше доделена на Сандра Котевска. Наградата за остварување од млад автор отиде во рацете на Лилјана Петровска,  Илија Кочовски годинава ја доби наградата за особен придонес во ликовната уметност и култура во градот, а наградата за животно дело му беше доделена на Панде Петровски.

На изложбата со свои дела претставени се 19 автори, а по повод 45 години ДЛУБ, издаден е и каталог.