Општина Битола ги информира граѓаните кои што беа субвенционирани на јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди дека го продолжува рокот за предавање на печките на тврди или фосилни горива во ДООЕЛ Отпад „Чамец“ Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од лева страна (телефон за контакт 071/295-332), до 05.08.2021 година, во периодот од 08.00 до 16.00 часот. При предавањето на печките, граѓаните добиваат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер клима уредот, треба да ја достават до Општина Битола од 7:30 до 15:30 часот истиот ден или најдоцна до 06.08.2021 година, во зградата на Советот на Општина Битола (зад општинската зграда).
На следниот линк се наоѓа листата со субвенционирани граѓани кои сеуште не ја доставиле печката во горе споменатиот одпад.
https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/spisok-so-nedostaveni-pecki-1.xlsx
На следниот линк се наоѓа листата со субвенционирани граѓани кои ја доставиле печката во отпаднот, но истите не ги доставиле потребните документи во Општина Битола.
https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/spisok-so-nedostaveni-dokumenti-1.xlsx
Ги повикуваме граѓаните да ја извршат обврската во наведениот рок.
Доколку субвенционираните граѓани не ги предадат печките и не ги достават потребните документи во Општина Битола, комисиите задолжени за целокупниот процес ќе постапат согласно точка 1.5 ,, ….Врз основа на изјава заверена на нотар дадена под материјална и кривична одговорност дека се обрзува да ја предаде печката на тврди или фосилни горива која што ја користел за затоплување на станбениот простор во кој живее неговото домаќинство и дека во наредните три години по денот на монтажа на клима уредот нема да го демонтира истиот, нема да користи дрва, јаглен фосилни или какви било други видови на нееколошки горива за затоплување на станбениот простор во кој ќе биде монтиран клима уредот, како и дека е согласен во тој период од три години да се вршат контроли од страна на Општина Битола во станбениот простор во кој ќе биде монтиран клима уредот, а во спротивнодека е согласен да го врати во Буџетот на Општина Битола износот на искористената субвенција……,, од Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високо ефикасни инвертер клима уреди.