ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

После силните врнежи од дожд и град кои оставија големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, да достават барање за надомест на штета до Општина Битола. Заедно со барањето, потребно е да достават имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура, најдоцна до 24.06.2019 година до 16:00 часот.

Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.