ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИТЕ „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“ И „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ“

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИТЕ „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“ И „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ“

Се известуваат граѓаните на општина Битола, дека од утре 22.03.2022 година (вторник), продолжуваат градежните активности на улиците „Македонска фаланга“ и „Цане Василев“. Заради изведување на работите согласно предвидената динамика, Општина Битола ги известува граѓаните, дека потребно е возилата да бидат отстранети од коловозите и прописно паркирани, со цел да не ја попречуваат работата на механизацијата на терен.