ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола во саботата на 04.07.2020 година, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола. Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од утре 06.07.2020 (понеделник) од 08.00 до 15.00 часот.