„Природата – наше здравје, наше богатство“
Општина Битола и ЕУ Инфо точката организираа трибина во рамките на Зелената недела на тема „Јавните политики на ЕУ во делот на заштита на животната средина“ во НУУБ„Св.Климент Охридски. Говорници беа м-р Марија Томевска – Центар за европски развој и интеграција, Дејан Петровски- Здружение за европска интеграција Европска гледна точка и м-р Владимир Славковски – ЗГ Биосфера.
Во исто време децата од детските градинки „Естеја О.Мара“ и Мајски Цвет“ и од Центарот за ран детски развој цртаа на тема „Природата – наше здравје, наше богатство“
Зелена недела се организира од 1999 во Брисел од страна на Европската комисија.
Зелена недела е најголемата годишна конференција на Европа за политиката за животната средина, на која учествуваат претставници од власта, бизнис секторот, невладините организации, академските институции и медиумите на која се нуди единствена можност за дискусија и размена на искуства и најдобри практики
Оваа година конференцијата се одржа од 3-5 јуни во Брисел а темата беше природата и биодиверзитетот.
Природата е од витално значење за нашето здравје и е наше богатство. Ние зависиме од неа за храна, енергија, суровини, воздухот и водата кои го прават животот возможен и ја водат економијата. Ние ја делиме оваа планета со извонредна природна разновидност, која е извор на инспирација, учење и рекреација; таа е дел од нашето културно наследство и придонесува за квалитетот на нашиот живот. Заштитата на природата и одржување на конкурентноста на Европа мора да одат рака под рака, како природата и биодиверзитетот , политика може да игра клучна улога во креирањето на работни места и стимулирање на инвестиции. (беше заклучокот на овогодинешната конференција)