Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и општина Битола, а на иницијатива на Здружението за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ и Здржението за аутизам „Марко Поло Експлорер“, денеска официјално беше пуштен во употреба едукативниот центар за деца и лица со попреченост во развојот. Просторот го обезбеди општина Битола, а Министерството за труд и социјална политика издвои средства со цел истиот да биде ставен во функција на оние на кои им е најпотребен.
„Мислам дека е многу значајно затоа што тоа е една категорија на наши граѓани за кои треба многу љубов и многу трпение. Општина Битола направи еден голем чекор со овие две здруженија и секако, инистерството за труд и социјална политика. Се работи за деца за кои треба да направиме се нивниот талент да дојде до израз.“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески на денешниот настан, кој се организира на Светскиот ден на аутизмот.
Третманот на лицата кои ќе го посетуваат овој центар треба да биде интензивен, континуиран и мултидисциплинарен. Едукативните програми треба да започнат веднаш после дијагностицирањето, токму затоа во центарот ќе работи професионалниот тим со напредна дообука од професионални кадри од Амерка и Англија.