ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА ЉУБОЈНО

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА ЉУБОЈНО

Реконструкцијата на улицата Љубојно започна со канализационата мрежа, каде досегашната азбестна цевка која не одговараше за потребите на целата населба, ќе биде заменета со Ф300 полиетиленска цевка.  Реконструкцијата на мешовитата канализација ќе се извршува во должина од 212 метри, а изведувач е КЈП ,, Нискоградба “ Битола. Откако ќе заврши оваа фаза, следува фаза водовод и коловоз, за која фаза постапката е веќе во тек. Вредноста на овој проект изнесува околу 2 милиони и 700 илјади денари, од кои 1 милион денари се обезбедени од  Декадата на ромите, а останатите средства ги финансира Општина Битола.

,,Во горниот дел на улицата Љубојно, имаме зафат на десната страна кој што е многу значаен за собирање на водите од Ромската населба, тоа досега беше неконтролирано, а сега ќе биде насочена во еден дел од населбата. Со проширувањето на цевките, ќе овозможиме капацитет што ќе ги прибира сите отпадни води од овој дел на оваа населба “ изјави градоначалникот  д-р. Владимир Талески.

rekons_ljubojno_6_15_3 rekons_ljubojno_6_15_2 rekons_ljubojno_6_15_1