ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА СРУ 5 ВО АРМ 1

ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА СРУ 5 ВО АРМ 1

Денес, почнаа работните активности за реализација на проектот „Изградба на коловоз на улица СРУ 5 во АРМ“.  Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со стручните служби од општинската администрација, извршија увид на теренот и со изведувачот разговараа за динамиката на реализација на проектот. Согласно склучениот договор, улицата ќе биде асфалтирана во должина од 180 метри, а рокот за изведба на работите е 30 работни дена. Минатата година во овој дел, општината инвестираше во изградба на водоводна мрежа.