ЗАПОЧНА ПРЕВЕНТИВНАТА АКЦИЈА НАСЛОВЕНА „ВНИМАТЕЛНО ОД СВОЈОТ ДОМ ДО УЧИЛИШТЕ И НАЗАД“

ЗАПОЧНА ПРЕВЕНТИВНАТА АКЦИЈА НАСЛОВЕНА „ВНИМАТЕЛНО ОД СВОЈОТ ДОМ ДО УЧИЛИШТЕ И НАЗАД“

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола заедно со СВР-Битола, АМД „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, Народна техника-Битола и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот, денеска на првиот училишен ден ја отпочнаа превентивната акција „Внимателно од својот дом до училиште и назад“. Акцијата има за цел да ги опфати сите првоодделенци во нашата Општина и преку предавања адекватни на нивната возраст, да им се објаснат сообраќајните правила и прописи за нивно безбедно вклучување во сообраќајот како пешаци. Денеска акцијата започна со првоодделенците во ОУ „Елпида Караманди“-Битола и „Даме Груев-Битола. На учениците им беше посакано среќно поаѓање во училиште и им беа поделени подароци (тетратки со сообраќајни знаци, моливи, боенки, линеари и сл), а за наставниците беа обезбедени постери како дидактички материјал.