ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ ВО ДОЛЖИНА НАД ЕДЕН КИЛОМЕТАР

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ ВО ДОЛЖИНА НАД ЕДЕН КИЛОМЕТАР

Општина Битола започна со реализација на уште еден проект со кој ќе се подобрат инфраструктурните услови во руралните места. Во селото Оптичари започна реализацијата на проектот за изградба на коловоз на 7 профили на улици во должина од 1090 метри.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на градежните работи во селото, каде на средбата со мештаните, разговараше за уличната мрежа која ќе биде опфатена и динамиката со која ќе се реализира проектот.

Жителите на селото Оптичари, изразија голема благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа, затоа што и ова населено место ќе добие асфалтирани улици, а досегашните проблеми предизвикани од кал и прашина, кои постојат од населувањето, ќе станат минато.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.238.208 денари, а изведувач на работните активности е „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола.