ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛЕКТОР ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ФЕКАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ ОД ЛОКАЛИТЕТ БЕГОВА ЧЕШМА – НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛЕКТОР ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ФЕКАЛНИ ОТПАДНИ ВОДИ ОД ЛОКАЛИТЕТ БЕГОВА ЧЕШМА – НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на работните активности од втората фаза за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри, во вкупна вредност од 4.416.470 денари. Изградбата на колекторот ќе овозможи прифаќање и одведување на отпадните води, во интерес на ставање во функција на изградената пречистителна станица и овозможување приклучок на повеќе краци од секундарната канализациона мрежа.

Градежните работи се во тек, а сообраќајот на оваа локација се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, така што за време на изведбата на објектот, патот кој води кон пелистерските села Трново – Магарево, ќе биде затворен од понеделник до петок сo времетраење од 08 – 15 часот.

По завршувањето на оваа фаза ќе следува реконструкција на дел од локален пат до село Магарево во должина од 537 метри и вкупна вредност од 7.763.996,44 денари.