ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛИЦАТА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛИЦАТА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

Со поставувањето на рефлекторите кај фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“, ФФМ, создаде услови за продолжување на активностите на општината за реализација на проектот „Изградба на комплетна инфраструктура на улицата Крушевска република“. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на трасата која се подготвува за асфалтирање. За финалната фаза од овој проект, општината инвестира 12.829.250 денари.