Општина Битола и годинава се вклучи во проектот „Македонија без отпад
„ каде заедно со јавните комунални претпријатија „Нискоградба“,
„Комуналец“ и „Водовод“ превзедоа активности на повеќе локации низ
градот за чистење на дивите депонии. Меѓутоа акцијата ќе продолжи и во
наредните неколку дена, бидејќи денес исто така започнува и есенското
чистење на дивите депонии кое е во склоп на програмата на Општина
Битола и се спроведува два пати годишно.
„Овој пат имаме над дваесеттина диви депонии регистрирано, кои што се
влезени во програмата да се чистат од денеска и во наредните неколку
дена. Во акцијата се вклучени и дел од училиштата кои чистат во
својата средина. Меѓутоа со нашите комунални претпријатија Комуналец,
Нискоградба и Водовод се лоцираме онаму каде што има поголеми диви
депонии, односно каде нашите несовесни граѓани, незаконски и
некоректно го исфрлаат отпадот.“ изјави градоначалникот д-р Владимир
Талески.