ДОНИРАНИ 30 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ВО ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

ДОНИРАНИ 30 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ВО ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

Нови 30 таблет компјутери одат во рацете на учениците од ранливите категории од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со претставничката на програмата РОМАКТЕД Фатма Бајрам Аземовска го посетија училиштето и се запознаа со начинот на изведување на наставата, како и со потребата на децата од ваков вид помагала за квалитетно одвивање на наставата.

Директорот на училиштето Роберт Филиповски истакна дека досега во училиштето , по различни основи, но и преку Општина Битола, донирани се околу 200 таблет уреди, а со средства од општината, кои беа доделени за квалитетно спроведување на наставата во ковид околности, набавени се 19 персонални компјутери, заедно со соодветната опрема од микрофони и камери.

Најважна компонента при спроведувањето на проектот за активностите при справување со Ковид-19 е да му се излезе во пресрет на заедниците, така што во комуникација со училиштето и во координација со општината се детектираат проблемите и се изнаоѓаат соодветните решенија, посочи Фатма Бајрам Аземовска.

Проектот „Реконструкција на постоечко игралиште во населба Баир“, со средства од Советот на Европа преку програмата РОМАКТЕД, беше дополнет со сума од 2700 евра, по однос на активности за справување со Ковид-19 за ромското население. Со овие средства се набавија 30 таблет компјутери и се реновираше чешмата кај обновеното игралиште на Тепсија.