Дозвола за поставување на инсталации

Дозвола за поставување на инсталации

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНСТАЛАЦИИ ВО ТРУПОТ НА ПАТОТ, ПАТНИОТ И ЗАШТИТНИОТ ПОЈАС НА ОПШТИНСКИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

Потребна документација

За издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1. Основен проект за линиска инфраструктурна градба во 1 (еден) примерок (за

должина на трасата над 30м.);

2. Одобрение за градење ( правосилно );

3. Скица на прекопот и графички прилог со ситуационо решение од сите субјекти

кои имаат свој подземен катастар ( за должина на трасата до 30м );

4. Доказ за платена административна такса во износ од 270,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници).

Постапка за издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација и утврдува дали истата е комплетна и изработена согласно законските прописи.

Доколку доставената документација е комплетна и изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Општината доставува до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици согласно член 5 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Битола. („Службен гласник на Општина Битола “ бр.05/12)

Барателот е должен во рок од 8 ( осум )  работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, надлежниот орган на Општината ја издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци

– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.

– Доколку доставената документација не е комплетна и /или не е изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Опшината ќе го извести барателот со укажување да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 ( три ) работни дена ќе достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици. Барателот е должен во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Дозволата за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици се издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.

Барање

Уплатница за административни такси

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail:valentina.stefoska@gmail.com