Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска денес посети неколку институции и установи, каде подели подароци за децата. Во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“, им беа поделени подароци на учениците во специјалната паралелка кои изведоа и кратка музичка програма, а беа поделени подароци на учениците од страна на општината, како донација за невладината „Баирска Светлина“.
Исто така, во денешната богата агенда на посети, градоначалничката и дедо Мраз ги посетија децата од „Сумнал“, кои се израдуваа на подароците, а посебно на Дедо Мраз.Подароци им беа поделени и на децата од Заводот за деца со оштетен слух и говор, како и на децата во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
На крајот од денешната посета, градоначалничката Наташа Петровска им подели подароци на штитениците на дневниот центар за деца со посебни потреби.