Општинскиот сојуз на училишен спорт Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ ги додели наградите во училишните спортски лиги во сите спортови, категории и нивоа на општински, зонски, регионални и државни натпреварувања.
На доделувањето на наградите присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, која ја прими посебната благодарница, затоа што Општина Битола секогаш им ја нуди помошта на училиштата при реализација на нивните спортски настани. На најдобрите спортисти таа им ги честита наградите и им посака уште многу успеси во иднина.
Од средните училишта, најмногу награди во спортските натпревари однесоа учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, а од основните училишта „Св. Климент Охридски“. Наградата за најдобри наставници по физичко воспитување, исто така отиде во рацете на настаниците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, а од основните училишта кај наставниците од „Св. Климент Охридски“.