ДЕЦАТА И НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ЕДУЦИРАА ЗА ОБЛИЦИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

ДЕЦАТА И НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ЕДУЦИРАА ЗА ОБЛИЦИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Kомисијата за еднакви можности во Општина Битола, согласно Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство која нашата држава ја ратификуваше минатата година, спроведува низа активности во соработка со Здруженијата на граѓани во нашиот град кои работат на оваа проблематика. Една од целите на овие активности е да се придонесе кон јакнење на соработката за подобрување на превенцијата и заштитата од  сите форми на родово базирано насилство. Во основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Гоце Дечев“ и „Елпида Караманди“, се одржаа работилници, на кои беше промовирана Истанбулската конвенција.

На работилницата која беше одржана во ОУ „Тодор Ангелевски“ присуствуваа 7 наставници и 33 ученици од училиштата „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“ и „Ѓорѓи Сугарев“ од 8-мо и 9-то одделение. Работилницата со презентација на студија на случај на семејно насилство  низ дискусија за тоа што е семејно насилство, кои се неговите карактеристики и како да се постапи во случај на насилство присутните се запознаа што носи Истанбулската конвенција како обврска за нашата држава во справувањето со овој проблем.

На работилницата која се одржа во ОУ „Гоце Делчев“ присуствуваа наставници 9 наставници и 35 ученици од ОУ„ Гоце Делчев“, „Кирил и Методиј“ и „Коле Канински“. Присутните низ обработка на студија на случај за  семејно насилство се запознаа со карактеристиките на семејното насилство,како треба да се постапи доколку имаме сознанија за жртви на семејно насилство и што Истамбулската конвенција донесува како обврска за нашата држава во справувањето со овој проблем.

На работилницата во ОУ „Елпида Караманди“ беа присутни 8 наставници и 45 ученици од ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Стив Наумов“ и ОУ „Трифун Пановски“. Присутните преку обработката на студија на случај за семејно насилство се запознаа со карактеристиките, облиците насемејното насилство, како треба да се постапи и каде треба да се пријави доколку имаме сознанија за семејно насилство и се запознаа со Истамбулската конвенција и обврските кои произлегуваат од неа.