Делегација од општина Дуги Рат, Република Хрватска, предводена од градоначалникот Тончи Баук, денес ја посети општина Битола, каде беше остварена средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставници на општинската администрација.
Општина Дуги Рат е збратимена општина на општина Новаци, така што на денешната средба присуствуваше и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, а за време на работниот состанок беа разменети искуства околу функционирањето на локалните самоуправи во актуелните економски услови, работењето на тековните проекти, а беа разгледани и можностите за реализација на европски проекти.