ДЕЗИНФИЦИРАНИ И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ДЕЗИНФИЦИРАНИ И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Масовната акција на дезинфекција, денес продолжи во руралните средини, опфаќајќи 15 села и тоа: Кукуречани, Драгарино, Габалавци, Драгожани, Црнобуки, Црнеец, Лисолај, Лопатица, Горно Оризари, Кравари, Оптичари, Егри, Меџитлија, Жабени и Бистрица. Доставата на дезинфициентите ја изврши ЈП „Комуналец“, а самите жители, со своја механизација и нивни пумпи вршеа дезинфекција на просторот. Им се заблагодаруваме на големиот број совесни жители, кој самите масовно се вклучија во акцијата на дезинфицирање.

Паралелно, екипи на битолските јавни претпријатија одржаа масовна завршна акција, со помош на ОО на Црвен крст Битола во Нова Битола, за дезинфекција на станбени објекти, пешачки ппатеки и паркинзи, на следните улици: „Игњат Атанасовски“, „Смилевски Конгрес“, „Младински бригади“, „Стерјовски Ѓорги Џоџа“, „Васко Карангелевски“ и населбите Ремо и Декорпод.