ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ЈАНАКАКИС ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ЈАНАКАКИС ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, оствари работна средба со грчкиот амбасадор во земјава Димитрис Јанакакис и со генералниот конзул на Грција во Битола, Ахилес Ракинас.

На средбата соговорниците разменија тековни искуства за моменталната состојба со КОВИД-19, но и за тоа како да се искористи овој кризен период за подобро менаџирање на актуелните погранични проекти на локалните самоуправи во регионот, преку Европската Унија.