ГРАЃАНИТЕ ПРИЈАВУВААТ, ЈП КОМУНАЛЕЦ НА ТЕРЕН ГО СОБИРА ГЛОМАЗНИОТ ОТПАД

ГРАЃАНИТЕ ПРИЈАВУВААТ, ЈП КОМУНАЛЕЦ НА ТЕРЕН ГО СОБИРА ГЛОМАЗНИОТ ОТПАД

Совесно и навремено, граѓаните кои решиле да се ослободат од гломазниот отпад, истиот го пријавуваат во ЈП Комуналец. Екипите на јавното претпријатие и денес беа на терен и постапуваа по добиените пријави. Денешната слика е добра опомена, но и потсетување за оние кои повремено знаат да остават парче мебел на несоодветни места. Само со заедничко дејствување, постои можност да зачуваме здрава и чиста животна средина, затоа останува пораката до сите граѓани кои сакаат да се ослободат од гломазниот отпад: Пријавете во ЈП Комуналец.