ГРАДСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ

ГРАДСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ

Во организација на КК „Пелистер 1982“, а со поддршка од Општина Битола, беше организирано градско првенство во куглање во кадетска и сениорска  конкуренција.

На финалето, имаше голем број гости, личности од политичкиот, бизнис, спортскиот и културниот живот на градот.

Градоначалничката Наташа Петровска, како голем пријател на куглањето уште еднаш потсети дека куглањето е урбан спорт кој му треба на Битола и дека ќе се направи се што е неопходно Битола да ја добие долгоочекуваната стандардизира куглана.