ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Новите градоначалници од деветте општини на Пелагонискиот плански регион, денеска ја одржаа првата конститутивна седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На седницата, беше донесена одлука за избор на претседател, со која едногласно за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, избрана е градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.