ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ВО ПОСЕТА НА ЦСР БИТОЛА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ВО ПОСЕТА НА ЦСР БИТОЛА

Во рамките на редовните работни активности, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска оствари средба со раководителот на ЈУМ ЦСР Битола, Моника Стојчевска. Иако ЦСР Битола е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, постојат заеднички точки на делување и соработка помеѓу општината и оваа установа.

Пред донесувањето на буџетот за 2020 година, на координативната средба градоначалничката Петровска беше запозната со специфични ситуации кои се однесуваат на социјалната помош, а таа посочи на кој начин може општината да даде свој придонес и да помогне во насока на уште поуспешна заедничка соработка.