Почитувани граѓани,
Се наоѓаме во исклучително значаен момент за Република Македонија, би рекла и историски. Македонија доби покана за членство во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ. Со ова, всушност Македонија добива шанса рамо до рамо, со многу моќни држави од Европа и од светот да преговара, разговара и да донесува одлуки од безбедносен и економски аспект и просперитет на своите граѓани.
Токму затоа, утревечер, сабота, во 21 часот, ќе имаме општонародна прослава во делот на Широк Сокак пред Центарот за култура, со што заедно ќе покажеме дека ќе одиме напред., со музиката на Дејан Декс, Фладер, Дуке Бојаџиев и Горан Кан заеднички да го прославиме овој голем успех.
Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!!!