ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА УВИД ВО ДВЕТЕ ЦЕНТРАЛНИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО БИТОЛА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА УВИД ВО ДВЕТЕ ЦЕНТРАЛНИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО БИТОЛА

Градоначалникот Тони Коњановски, попладнево ги посети двете централни детски градинки во Битола, Естреја Овадија Мара и Мајски цвет. Целта на посетата е директно на терен да се информира за состојбата во која се наоѓаат објектите, после синоќешните земјотреси и веднаш да се пристапи кон преземање на мерки од страна на општината и детските градинки, со цел да се овозможи непречено згрижување на децата од предучилишна возраст.

Од извршениот увид, материјални штети се констатирани само кај детската градинка „Качунка“ која е клон на ЈОУДГ Мајски цвет.