ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЗА НОВИТЕ ПРОЕКТИ И ПЛАНОВИ ЗА РАБОТА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЗА НОВИТЕ ПРОЕКТИ И ПЛАНОВИ ЗА РАБОТА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници – ЈППЈЛП Битола, каде имаше средба со вработените во претпријатието и работен состанок со новиот в.д директор Зоран Михајловски.

На состанокот, градоначалникот, посакувајќи му успешна работа на Михајловски, изрази верување дека претпријатието ќе продолжи интензивно да работи кон подобрување на условите и изградба на нови паркинг простори, како и внесување на нови содржини, кои се потребни за граѓаните, а се во надлежност на претпријатието.

Михајловски, нагласи дека претпријатието, продолжува да работи согласно донесената Програма од Советот на општина Битола, а покрај тековното одржување, особено ги нагласи проектите кои планира да ги реализира за време на раководењето на претпријатието, а се однесуваат на: набавка на машина за одржување на хоризонталната сигнализација, редовно одржување на вертикалната сигнализација, реконструкција и изградба на нови површини за паркирање во градското подрачје, како и враќање на некогашната атракција, преку набавка на електричното вовче МЕЧО од страна на претпријатието.