ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌА НА РАКОМЕТАРИТЕ ОД РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА ЌЕ ЈА СЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА СО РАКОМЕТЕН ХЕПЕНИНГ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌА НА РАКОМЕТАРИТЕ ОД РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА ЌЕ ЈА СЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА СО РАКОМЕТЕН ХЕПЕНИНГ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Пред утрешниот ракометен натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Тиквеш, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги посети битолските ракометари за време на нивните денешни подготовки, заблагодарувајќи им се за досегашните резултати и посакувајќи им многу успех, на натпреварот со кој, официјално, после 18 години, шампионската титула во ракомет се враќа во Битола.

Високото ракометно достигнување за сезоната 2022/23, претставува голем повод за славање на сите битолчани, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени поддржувачи на ракометот во Битола.

Токму затоа, РК Еурофарм Пелистер и Општина Битола, на Плоштадот Магнолија, организираат централна прослава за сите битолчани, која ќе започне  по завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот. Ракометниот хепенинг, предвидува богата забавна, музичка и спортска програма, за која деталите ќе бидат објавени утре.