ГОЛЕМ БРОЈ ПРОЕКТИ И ВИСОКИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ОПШТИНАТА ВО ИЗМИНАТАТА ЕДНА ГОДИНА

ГОЛЕМ БРОЈ ПРОЕКТИ И ВИСОКИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ОПШТИНАТА ВО ИЗМИНАТАТА ЕДНА ГОДИНА

По повод „4-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Битола, денес, градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески одржа прес конференција, на која им го честита празникот на градот на сите граѓани на Битола и информираше за реализираните проекти во изминатата една година. Градоначалникот потсети на високото достигнување со кое општина Битола ја заврши минатата година, односно официјалното членство на Битола во мрежата на креативни градови на УНЕСКО во областа на филмот, што претставува големо признание за креативниот развој на градот, базиран на негувањето на традицијата и високите културно историски вредности. Веднаш потоа следуваше формирањето на Balkan cinema cities чиј центар е Битола, како и потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу општината, балканскиот фонд БЦЦ, Универзитетот „Марин Барлети“ од Албанија и албанскиот Институт Адриапол, што пак резултираше со дефинирање на повеќе конкретни активности во областа на креативни индустрии и енергетска ефикасност, договарање и подготовка на заеднички проекти. Уште едно значајно признание кое пристигна оваа година е признанието за висок степен на транспарентност. Општина Битола, исполнувајќи ги критериумите за транспарентност, а после сеопфатно истражување спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации за степенот на активна транспарентност на државните институции во Македонија, кон крајот на месец септември, рангирана е како една од најтранспарентните институции во државата, односно исполнувајќи ги најважните критериуми се издигнува на високото второ место во конкуренција на сите други државни институции во Република МакедонијаИстражувањето потврдува дека секој граѓанин и секоја институција во секое време може да се информира, или да провери како работат администрацијата, градоначалникот или Советот на општина Битола. Тоа овозможува директен увид во трошењето на јавните пари и спроведувањето на сите постапки, што претставува дополнителна потврда за почитувањето на принципите на чесност, отчетност и транспарентност во работата на општина Битола. Покрај ваквите признанија градоначалникот стави акцент и на континуираниот развој на Индустриската зона „Жабени“, нагласувајќи дека покрај проширувањето на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во која моментално работат 3000 граѓани и создавањето можност за вработување на нови 1500 граѓани, во зоната ќе инвестира и „Цераметал“ од Атина. Станува збор за нов капацитет за производство на метални производи, конструкции и на материјали за заварување што наоѓаат примена во енергетскиот и градежен сектор. По целосната реализација на инвестицијата и остварување на бизнис планот ќе се вработат 600 луѓе, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 12 милиони евра. Во индустриската зона „Жабени“ наскоро ќе инвестираат и две нови компании од Италија и Турција. Градоначалникот Талески денеска соопшти дека компанијата од Турција ќе произведува алатки за земјоделски машини, а компанијата од Италија ќе гради фабрика за преработка на зеленчук во прав. „Кон новиот инвеститор „Цера метал“ од Атина, кој купи повеќе парцели за својата инвестиција вредна околу 12 милиони евра, наскоро ќе се придружат уште два нови инвеститори. Станува збор за една компанија од Турција која ќе произведува алатки за земјоделски машини, и една компанија од Италија која ќе гради фабрика за преработка на зеленчук во прав за потребите на хотелиерите, рече градоначалникот Владимир Талески на денешната прес-конференција. На прес-конференцијата градоначалникот се осврна и на реализираните инфраструктурни проекти и на оние што се планира да бидат реализирани во следниот период. Според динамиката на реализација, неговите очекувања се дека во 2017 година и во Битола ќе бидат реализирани проектите за топлификација и гасификација. „Со завршувањето на оваа градежна сезона бројката од 100 улици кои им ги ветивме на граѓаните ќе биде надмината. Во изминатиот период од една година реализирано се повеќе проекти, меѓу кои:комплетна инфраструктура на ул.Стрчин 2 краци, комплетна инфраструктура на ул.Васил Брклевски и ул.Стара чешма, ул.Широка, ул.Булевар 1- ви Мај (коловоз), Жабени – коловоз, комплетна инфраструктура на ул.Букова Шума, комплетна инфраструктура на ул.К.Шапкарев, водоводна и канализациона мрежа на ул.Рашанец 2 краци, изградено е спортско игралиште во с.Логоварди и други проекти, а во соработка со јавните претпријатија поставени се јавни чешми, мини фонтани, исчистени се диви депонии, рече градоначалникот Талески на денешната прес конференција. Градоначалникот информираше и за другите инфраструктурни проекти кои се во завршна фаза на реализација или веќе се реализирани, меѓу кои Киното „Манаки“, изградбата на северната трибина на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе, реконструкцијата на железничката пруга и изградбата на инфрасттруктура во АРМ. Градежните активности со ист интензитет продолжуваат и во периодот кој следува зависно од временските услови.На денешната прес конференција, градоначалникот ги повика граѓаните кои сакаат садници за себе да се јават на телефонските броеви 047207400, 047207413 или 047207422 или во цвеќарницата кај Саат кулата. На овој начин општината во соработка со ЈП Комуналец учествуваа во акцијата „Ден на дрвото“, која годинава ќе се реализира во текот на една седмица.„Подготовките за акцијата се во тек и ги повикувам граѓаните да се јавуваат во ЈП „Комуналец“ каде бесплатно ќе добијат дрвца садници кои ќе ги засадуваат во својот двор, населба или друга локација со што ќе овозможиме освен пошумување да има и засадување дрвца во урбаниот дел на градот, во дворот на секое семејство, рече градоначалникот Талески.

SONY DSC

SONY DSC