ПРОЕКТ:ГЛАСНО ДА ГОВОРИМЕ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

ПРОЕКТ:ГЛАСНО ДА ГОВОРИМЕ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Со поддршка од Општина Битола, Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола, започна да го реализира проектот „Гласно да говориме против родово базирано насилство “. Активностите се реализираат во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, чиј претставник Татјана Крнчевска, редовно е дел од работилниците на кои учествуваат ученици од сите основни училишта во Битола на возраст од 9 до 11 години.

Темите на работилниците се поврзани со детските права, а акцентот на проектот е ставен на родово-базирано насилство, со посебен акцент на насилството врз девојчињата. Стапката на родово-базирано насилство врз жените и девојчињата во земјава е повисока од другите држави во регионот и во ЕУ. Меѓународните претставници во земјава велат дека жените и девојчињата често се дискриминирани поради полот.

Во досегашните работилници, беше одржано интерактивно предавање од страна на психологот д-р Сашо Кочанковски, заменик Народниот правобранител Лилјана Илиевска, а децата имаа можност да учествуваат во креативни игри и да поставуваат прашања за се она што ги интересира. Беа опфатени и активности од прирачникот за образование за човекови права за деца „Компасито“.

Овој проект, кој ќе се реализира во следните три месеци, ќе ги насочи активностите кон почетни знаења за родово-базираното насилство, препознавање и реагирање. Ќе бидат применети креативни начини и техники, преку кои на едукативен начин, ќе се допре до децата, ќе се зголемат нивните знаења, а со тоа ќе се зајакнат и механизмите за заштита.

Проектот е во рамките на Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2018 година.